Малолетната Џоли разголена на сите четири
Холивудската заводничка или ја обожаваат или ја мразат, а се почестите приказни за нејзиниот бурен живот пред Пит само долеваат масло на огнот. Многумина тврдат дека Џоли уште како малолетничка била спремна на се за да го добие тоа што ќе го посака.
Видео: Човекот кој одби да го продаде својот рај за 60 милиони
Клаудиус Лоусен поседува 55 хектари земја на рајскиот остров Санта Лусиа, а ни примамливата понуда од 60 милиони долари не го ’испишмани’ да го продаде местото на кое е роден.
Фото: Роберт Патинсон - патос пијан!
Новиот фаворит на женската публика, Роберт Патинсон беше ’патос’ откако излезе од лондонскиот клуб Ivy, а прашање е и дали можеше воопшто да се сети како се вика....
Друже Тито колку е саатот? - 7600 евра!
Златниот рачен часовник од марката ’Патек Филипе’ што го носел поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито е продаден на аукција за околу 7.600 евра.



Актуелно
19 Март 2010
Вашингтон, 19 март (МИА) - Американски генерал од резервниот состав, кој порано служел во воено воздухопловните сили на САД, ја објасни неспособноста на холандските сини шлемови да го запрат масакрот во Сребреница во 1995 година, со тоа што во нивните редови имало хомосексуалци.
За време на дебатата во американскиот Сенат генералот од резерва Џон Шин изјави дека масакрот во Сребреница се случил по вина на холандските хомосексуалци.
Дебатата во сенатската комисија беше посветена на плановите на претседателот Барак Обама да укине закон, кој ги обврзува хомосексуалците во американската армија, да не ја откриваат својата сексуална ориентација.
- По распадот на СССР некои земји како Белгија и Холандија беа цврсто уверени дека немаат повеќе потреба од воени капацитети, што доведе до либерализација на нивните вооружени сили, што доведе и приклучување на хомосексуалци во војската, како и врз насочување на напорите кон мировни операции, рече генералот.
Тој заклучи оти како резултат на тоа тие немале соодветна подготовка за војната, посочувајќи го примерот за Сребреница.
Тврдењето на американскиот генерал предизвика реакции. Портпаролот на американското Министерство за одбрана Роџер Ван Де Ветеринг ги нарече тврдењата на генералот како целосна бесмислица.
- Горда сум дека хомосексуалци служат во армијата, без да се принудени да ја кријат сексуалната ориентација, со децении наназад во холандските вооружени сили тие учествуваат во такви мисии, како онаа во Авганистан, рече амбасадорката на Хаг во Вашингтон.
Американскиот сенатор Карл Левин ги определи како тотално погрешни тврдењата на американскиот генерал од резерва, дека хомосексуалците не се добри војници.
19 Март 2010
Грчката влада ја разгледува можноста поради должничката криза да се обрати на Меѓународниот монетарен фонд бидејќи губи надеж дека на самитот на Европската унија на 25-ти март ќе добие конкурентна помош, објавил агенцискиот сервис “Дау џонс“, повикувајќи се на неименувам грчки функционер.
Веста за можноста Грција да побара помош од ММФ во четвртокот го собори курсот на еврото за половина цент.
Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину, меѓутоа, во четвртокот ја демантираше веста за наводни планови на владата наскоро да побара помош од ММФ, укажувајќи дека Атина постојано ги разгледува сите можности.
“Од почетокот говориме дека сите можности се отворени... не сме ништо поблиску до ММФ од претходно. Таквите вести се едноставно глупави“, рекол Папаконстантину за агенција “Ројтерс“.
18 Март 2010
Премиерот Никола Груевски денеска му одговори на лидерот на СДСМ, Црвенковски дека не прифаќа телевизиски дуел со него.
Своето одбивање го образложи со тоа дека нема потреба од соочување, бидејќи тој за своето работење им оговара на граѓаните на Македонија а не на Бранко Црвенковски.
„Не, не. затоа што јас како политичар одговарам пред граѓаните и пред оние кои што ме избрале, а не пред Бранко Црвенковски, тој да ми раскажува мене за ’95,’96 година да се расправаме, не. Јас секој ден сум присутен пред граѓаните на Република Македонија, преку медиумите, преку трибини, со директни посети на населени места“, изјави Груевски, кој присуствуваше на промоцијата нови дваесет и два наслови од проектот Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, во Скопје.
За СДСМ одбивањето на Груевски е избегнување на соочување со граѓаните
СДСМ одбивањето на премиерот Груевски за телевизиски соочување со нивниот челник го смета за избегнување на соочување со граѓаните. За нив одговорните политичари се соочуваат со граѓаните и секојдневно, а не само на избори.
„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски го повика Премиерот Груевски на ТВ дуел не за да дебатираат за приватни работи, туку да дебатираат за проблемите на граѓаните. Поради тоа, избегнувањето на телевизиски дуел всушност е избегнување на соочување со граѓаните. Одговорните политичари се соочуваат со граѓаните не само на денот на изборите, туку и во вакви моменти кога имаат можност да ги соочат различните мислења кои се во интерес на граѓаните на Република Македонија. Го повикуваме уште еднаш премиерот Груевски да размисли, да не се крие зад измислените протести, зад крави и телиња, да не направи нешто што државата може да ја одведе во несакани последици“, рече на денешниот прес Андреј Петров.
Извор: Нетпрес
18 Март 2010
Во специјално соопштените организацијата “ОМО Илинден Пирин“ го изразува својот став во однос на бугарскиот предлог договор до Македонија.
Во соопштението, се вели дека тие ги поддржуваат принципите на добрососедство меѓу Бугарија и Македонија. Притоа ОМО Илинден Пирин бара нов договор, неодложно признавање на македонското малцинство, а однесувањето на Бугарија кон Македонија го оценува како злоупотреба на моменталната предност.
„Не можеме да не изразиме чудење и дури и негодување во однос на некои аспекти од предлогот на нашата власт. Обидот да се условува бугарската поддршка не само со безпринципиелни барања, но и со независни од Македонија околности е по се’ подготовка за блокирање на нејзиното членство по примерот на Грција дури и побезпринципиелно“, пишува во соопштението од ’ОМО Илинден Пирин’.
Според ОМО “Илинден Пирин“ невозможно е од Македонија да се бара одговорност за активностите на бугарските државјани.
„Да се бара од Р. Македонија одговорност за активностите на државјани на Бугарија и се заканува за тоа со вето на членството во ЕУ не е само поставување невозможни услови за исполнување, но и уцена на дел од граѓаните на Бугарија да се откажат од борбата за права. Бугарската влада би требало да биде свесна дека тоа нема да ги натера Македонците во Бугарија да се престанат да се борат за своите права, но може да доведе до дестабилизација на регионот и влошување на односите меѓу двете земји“, велат од ОМО “Илинден Пирин“.
Од здружението сметаат дека за значајно подобрување на односите е потребно двете држави да го признаат постоењето на малцинства во Македонија – бугарското и во Бугарија – македонското малцинство.
Шоубизнис
19 Март 2010
Таман се помисли дека се затиши бурата во врска со аферата на претседателскиот пар на Франција, дојде нов потсетник на бурното минато на Карла Бруни, кој ја врати првата дама во центарот на вниманието.
На фотографијата, направена од Хелмут Њутон е тогаш 25-годишната Карла Бруни потпрена на клавир во прекратко искинато фустанче и без гаќи.
Оваа фотографија не беше непозната за јавноста, но Карла сигурно во овие моменти не би сакала такво внимание и повторно ’чепкање’ по нејзиното минато, пишува Дејли Меил.
Покрај оваа фотографија, на продажба е понудена уште една од Памела Хансон од 1987 година, која ја прикажува Карла во гаќички и подигната маичка додека пуши цигара.
Инаку пред две години претседателскиот пар се соочи со сличен удар кога фотографиите на голата Карла Бруни, кои 1993 година ги снимил Михаел Комте, се најдоа на продажба во Лондон и тоа баш во време кога претседателскиот пар пристигна во официјална посета на Британија.
18 Март 2010
Француската порно актерка со живописно име Шанаја Твикс амбициозно се надева дека ќе стане светска рекордерка. Сака да има секс со 999 мажи во еден ден. Блазе си и!
Шанаја Твикс сака да постави нов светски рекорд, а своите намери ги објави на профилот на Фејсбук, а според планот – најголемиот светски генг-бенг треба да се одржи на 20 август годинава.
Заработувачката од овој ’проект’ оди во хуманитарни цели за борба против сида, а ќе може да учествува секој што ќе се пријави. Со оглед на тоа дека нејзината
18 Март 2010
Поминаа дури 20 години од филмот кој ја лансираше Шерон Стоун меѓу најпожелните жени во светот. Со поранешниот филмски партнер се сретнаа на забава на њујоршката полиција, а еден до друг изгледаа како дедо и внука.
На хуманитарната забава на њујоршката полиција можеа да се видат многу познати ѕвезди, меѓу кои и Шерон Стоун и Мајкл Даглас.
Како љубовници во филмот ’Основен инстинкт’, ги запалија гледачите ширум светот се жешки сцени, а денес по 20 години е речиси невозможно да се замислат во такви моменти.
Даглас гордо се носи со своите 65 години, може да се рече, достојно старее, додека 52-годишната Шерон изгледа како да е барем 10 години помлада.
Сепак злите јазици сметаат дека актерката тешко се носи со годините и дека вака добро изгледа само затоа што редовно ги користи услугите на пластичните хирурзи и ботокс инекциите.
17 Март 2010
„Бев како вулкан кога ја видов на телевизија. Вулкан кој исфрла оган и лава“, вака опиша најбрзиот човек на светот како на прв поглед го освоила американската актерка и супермодел Танеиш Симпсон.
Атрактивната 24-годишна ѕвезда на сапуници Танеиш Симпсон успеа да го улови најбрзиот човек на светот и тоа преку телевизија. Прекрасната Танеиш толку го излудила светскиот рекордер на 100 и 200 метри, што Болд откако ја видел на ТВ, одлучил да премине на акција.
„Бев како вулкан кога ја видов на телевизија. Вулкан кој исфрла оган и лава. Веднаш отидов на Гугл и преку интернет дојдов до нејзиниот телефонски број. Првпат се најдовме кај мене на Јамајка и беше прекрасно“, откри молскавичниот Усаин.
Тоа го потврди и една година постарата Танеиш, откако Нова година ја помина на Јамајка каде се заљубила во светската легенда на патеките.
„Усаин бараше да дојдам на Јамајка и дојдов. Беше феноменално“, изјави Симпсон.
Но, изгледа дека Јамајканецот сепак е заљубен малку повеќе.
„Ја чекав цел живот и се заљубив истиот момент кога ја видов. И нејзе и беше така“, заклучи тројниот олимписки првак од Пекинг.
Забава
18 Март 2010
Индиски брачен пар без деца е осомничен дека во ритуал на црна магија смртно отруле пет деца.
Ритуалот на жртвување го извеле бидејќи сакале да имаат дете, информира локалната полиција, која го уапсила брачниот пар и родителите на сопругот, а моментално се чека и официјален резултат од обдукцијата.
„Првиот смртен случај се случи во декември 2009 година, а најновиот овој месец“, рече истражниот судија Шеик Абдул Рауф.
Тој додаде дека полицијата го барала и врачот кој ги натерал Витхалу и Вандана Мокле ритуално да жртвуваат 11 деца, во склад со црномагиските ритуали.
Сите отруени малолетници биле на возраст помеѓу две и четири години и биле роднини. Селото Диграс, во кое се случуваа наводните ритуали има околу 300 жители.
18 Март 2010
Еден Американец од Канзас пријавил во полиција дека бил нападнат и повреден откако се обидел да купи дрога со пари од популарната друштвена игра ’Монопол’.
Триесетгодишниот маж, чиј идентитет не е откриен, влегол во полициска станица во Канзас со крвава глава. Изјавил дека бил физички нападнат откако се обидел со неколку стотина долари да купи кокаин – и тоа пари од „Монопол“.
Полицијата во соопштението наведе дека дилерот, многу бесен, со револвер неколку пати го удрил во главата. И покрај сериозните повреди, нападнатиот маж е надвор од опасност, а полицијата се уште трага по дилерот.
18 Март 2010
Ако го погледнете овој спот и ја слушнете песната, ќе сфатите зошто да се има родител за пријател на Фејсбук спаѓа меѓу најлошите работи што може да ви се случат.
Back Of The Class е група од сценарист, режисер и перформер од Лос Анџелес која се посвети на оригинални содржини за сите медиуми и ги покрива сите аспекти на продукција и маркетинг.
Така, спотот за песната ’My Mom's on Facebook’ на бендот Blood of Tiger Cat е направен за да се изрази носталгијата за времињата кога современата технологија беше достапна само за напредните деца.
18 Март 2010
Дрво пијан Литванец е обвинет за напад на полицајка. Се обидел да ја удри во главата, со својот пенис. Мажот не се сеќава на ништо, но сепак ја призна вината.
Литванецот Мариум Варинаускас е казнет откако се обидел да нападне полицајка со неговиот полов орган.
На почетокот одбивал да оди на суд, но на крајот сепак ја призна вината. Негирал дека го кршел јавниот ред и мир со навредливи и сексуални забелешки, што обвинителот го прифати.
Девојката на 28-годишниот Мариум повикала полиција бидејќи бил пијан. Полицајката го пронашла Мариум во пијана состојба како седи на кауч, облечен само во гаќи.
Таа седнала спроти него, а тој во истиот момент станал, се приближил на полицајката и се соблекол, па таа морала да примени сила.
Литванецот наводно бил многу пијан и неговата девојка се обидела да го исфрли од станот. Потоа бил приведен и по долна облека изнесен од зградата.
Иако не се сеќава на ништо, на крајот решил да ја прифати приказната на полицијата и неговата девојка и и се извинил на оштетената. Казнет е со парична казна од 600 фунти.
Живот
18 Март 2010
Ирска туристичка агенција сака да вработи ’тестер на медени месеци’ кој би морал да бара идеални дестинации за новопечените брачни парови. И сето тоа се одлична плата....
Среќникот кој ќе ја добие оваа работа, половина година ќе престојува во разни луксузни одмаралишта и плус тоа ќе му бидат платени 18.000 фунти, а со себе може да понесе партнер или партнерка.
Работата ја нуди агенцијата Runaway Bride and Groom, а од новиот вработен се бара во некое од луксузните одмаралишта да помине три до четири недели и да напише избештај.
Воглавно се работи за луксузни хотели на Малдиви, а меѓу главните задачи се пробување коктели и џакузи.
Заинтересираните кандидати до крај на март мора да ги испратат своите податоци во
18 Март 2010
Што се крие во машкиот мозок? Каков секс сака? Што сака од својата партнерка? Тоа се само дел од прашањата на кои бројните истражувања се обидоа да дадат одговори. По многу испитувања, составена е листата на машките топ сексуални желби.
Односите меѓу мажите и жени веќе долго време ги преокупираат научниците, а особено е интересен делот кој се однесува на сексот. Па, затоа не е ни чудно што на таа тема се направени бројни истражувања.
Има многу обиди да се истражат кои се најдлабоките сексуални желби на мажите, а кои не им ги откриваат лесно на своите партнерки. Анализата на неколку такви истражувања откри што е тоа што мажите сакаат пред, за време и после сексот.
1. Мажите уживаат во долги и влажни бакнежи.
2. Повеќето мажи обожаваат кога жената ќе ги фати меѓу нозе.
3. Едно од најубавите чувства за мажите е кога жената ги трие градите од неговото тело.
4. Многу мажи сакаат кога жената ги лиже или грицка нивните брадавици.
5. Повеќе од 50% сакаат да пробаат секс во тројка.
6. Мажите сакаат да имаат секс на места каде можат да бидат фатени бидејќи тоа ги возбудува.
7. Повеќето мажи сакаат да снимат секс со партнерката.
8. Скоро 50% сакаат секс игри и играње разни улоги.
9. Мажите обожаваат кога жените за време на сексот употребуваат вулгарни зборови.
10. Голем брј мажи признале дека сакаат наутро да се галат со партнерките.
11. Мажите уживаат во секс под туш.
12. Повеќе од 50% сакаат партнерката да ги чека гола кога ќе се вратат од работа.
13. На припадниците на посилниот пол особено задоволство им причинува сексот во автомобил.
14. 80% кажале дека сакаат да се галат по сексот.
15. Идеалниот однос, според мажите трае 30 минути.
16. Многу мажи признале дека многу ги пали кога жените иницираат секс.
17. Сакаат кога жените за време на сексот им кажуваат дека се најдобри.
18. 20% сакаат кога жената со прст им го допира анусот.
19. Повеќето мажи ги пали кога партнерката ги гледа во очи за време на оралниот секс.
20. Над 50% од нив сакаат партнерките да се согласат на анален секс.
17 Март 2010
Вториот водечки производител на безалкохолни пијалоци во светот, објави дека ќе ги повлече од продажба своите сокови од училиштата ширум светот.
Зашекерените сокови би требало до 2012 година да бидат отстранети од сите училишта во светот. Компанијата ја одреди оваа година како краен рок за повлекување на соковите од школите во 200 земји во светот, пишуваат странските медиуми.
Калоричните сокови ќе бидат повлечени од продажба во склоп на борбата против здебелувањето на децата. Иницијативата потекнува од World Heart Federation, која преговара со производителите на безалкохолни пијалоци веќе една година.
Од Кока Кола пак, на почетокот на годината најавија дека ќе ги повлечат од продажба своите сокови од основните школи, освен ако родителите на децата не се бунат против таквата одлука.
17 Март 2010
Сте се соблекле голи и треба да се ’фатите за работа’. Само ви фали да опнете некоја глупост со која ќе ги уништите шансите за секс во следните неколку животи. На пример ваква:
• Имаш ли шише со ракија да се напиеме пред ова?
• Дали некогаш си го користел?
• А, која ти е предна страна?
• Никогаш не сум видел/a вакво нешто.
• Дали може веднаш да го изгаснеме светлото?
• Може овде да нацртам смајли?
• Сум пушела подебели змии од оваа.
• Без оглед на се, тој фунцкионира, нели?
• А, што ти е ова?
• Мислам дека имам нешто во фиоката, што ќе може да го реши овој проблем.
• Не знам што ми е, но одеднаш ме заболе главата.
• Што смрди?
• Ако ништо друго, барем нема да трае долго.
• Знаеш, мене физичкиот изглед и не ми е толку важен.
• Ќе може ли конечно?
• Ме викаат Брзи Гонзалес.
• Многумина би биле среќни да се сега на твое место.
• Твоите вистински квалитети, сигурно се на друго место.
• А, да преминеме веднаш кон палење цигари?
• Немај гајле, знам што правам, сум направил многу индивидуални вежби.
• Не сум сигурна дали ми се плодни денови, или не.
• Може ли нешто да ти признаам?
• Ова е оптичка илузија, нели?
• Ок, ајде сега поиграј малку за мене.
• Ако се свртам изгледам како машко, да не ти е полесно така?
• Без гајле за тоа, денес се` се решава со операција.
• Види, навистина не е важно, секако не гледам ништо без наочари.
• А, затоа имаш толку голема кола!
• Ај да побрзаме малку, натпреварот почнува за 5 минути!
Наука и технологија
18 Март 2010
Британскиот дизајнер Стујарт Хјуз продава телевизори направени од чисто злато, обложени со дијаманти и украсени со рачно сошиена алигаторска кожа. Цената скромна - 1.5 милиони фунти!
Стујарт Хјуз ќе направи само три телевизори под името PrestigeHD Supreme Rose кои ќе содржат 28 килограми 18-каратно злато.
Секој телевизор ќе има екран од 55 инчи чија надворешна рамка ќе биде обложена со 72 совршени дијаманти од еден карат, како и со повеќе стотици парчиња мали полускапоцени камења, како аметист и килибар, а внатрешната рамка е обложена со рачно преработена алигаторска кожа.
Хјуз е одамна познат по своите луксузни електронски направи, а најмногу по дизајните на златните Ајфони.
„Дизајнирам прилично крволочни работи кои се стремат кон самиот врв на пазарот – валкано богатите кои немаат ограничувања во својот буџет“, вели Хјуз.
„Многу сум скромен и јасно ми е дека повеќето луѓе нема да можат да си дозволат ваков телевизор, кој морам да додадам, е целосно уникатен“.
Тој дизајнира производи наменети исклучиво за премногу богатите луѓе, а за оние со малку поограничен буџет, планира да изработи телевизор од ’само’ 19 килограми злато и 48 дијаманти кој ќе чини 1 милион фунти.
Еден од неговите најпознати клиенти е Стефано Габана, кој редовно купува златни телефони од британскиот дизајнер.
17 Март 2010
Бактериите на нашите раце би можеле да се користат во судска идентификација на ист начин како и ДНК, сметаат научниците. Американски истражувачи открија дека „заедницата“ бактерии на човечката кожа се различни кај секој поединец.
Научниците земале примероци од тастатурите, а потоа утврдиле дека одговараат на бактериите на рацете на сопственикот на компјутерот. Своето откритите го објавија во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS).
Дури и на рацете на посебно совесните чисти луѓе можно е да се најдат на рацете околу 150 различни видови бактерии. Секое лице остава позади себе единствени траги што е „ново оружје“ во рацете на форензичарите, јави Би-Би-Си.
Интересно е дека дури и идентичните близнаци кои делат иста ДНК профил, имаат значајно различни бактерии на рацете.
Рачните бактериите, кои експертите ги анализирале, можат да преживеат на собна температура до две недели, а врз основа на нив можно е да се идентификува лице дури и кога отисоците на прстите се нечисти или нема доволно материјал за добивање на ДНК профил.
Научниците истакнуваат дека оваа технологија е во зачеток и дека резултатите се точни од 70 до 90 отсто, што секако, со време ќе се зголемува.
17 Март 2010
Земјината орбита околу Сонцето се движи со брзина од 29 километри во секунда. Тоа е брзо. Меѓутоа научниците ја открија можеби и најбрзата орбита на вселенско тело досега.
НВ Cancri е пар бели џуџиња, односно бинарен ѕвезден систем во кој секоја ѕвезда ротираат меѓусебно околу себе со брзина од речиси 500 километри во секунда.
Земјата да ротира околу сонцето и требаат точно 365 дена, а овие две ѕвезди орбитираат една околу друга за само пет минути.
Научниците првично биле шокирани кога откриле дека соларниот пар може да ротира толку брзо, па претпоставиле дека всушност се работи за една ѕвезда, која многу брзо се движи околу својата оска, пишува popsci.com.
Но, нивните сомневање ги отстрани поглед низ вториот најмоќен телескоп на земјата, кој покажа дела се работи за бинарен систем, во кој двете ѕвезди се толку блиску една до друга, што личат како една.
HM Cancri не само што е најбрзиот бинарен систем што некогаш е откриен, туку и најбрзиот можен бинарен систем во вселената.
Ако нивните ротации се малку побрзи, научниците тврдат дека ќе ја постигнат целосната орбита во рок од само три минути, и би почнале да го црпат хелиумот една од друга. Тогаш би настанала специјален тип на супернова, а нивната експлозија би го успорила целиот систем.
16 Март 2010
Мистериозната насмевка на Мона Лиза всушност е трик кој е направен со специјална сликарска техника, тврдат научниците.
Австриските невролози тврдат дека анализата на ова ремек-дело покажува дека нејзиното лице изгледа потполно различно во зависност од тоа на кој дел од лицето се фокусира погледот.
Доколку започнете да гледате во очите на Мона Лиза ќе забележите суптилна насмевка, но ако прво ја погледнете устата насмевката исчезнува.
Професор Флориан Хатцлер од Центарот за неурокогнитивни истражувања во Салзбург тврди дека Леонардо да Винчи искористил мудра сликарска техника за да го збуни оној кој го гледа делото.
Кога се гледа директно во сликата благо затемнетите слоеви околу устата го прават изразот на лицето на Мона Лиза неутрално, но со периферен поглед насмевката веднаш се воочува.
„Насмевката на Мона Лиза е скриена. Кога гледате директно во нејзината уста забележувате фини детали, насмевката исчезнува и останува само неутрален израз на лицето“, вели Хатцлер додавајќи дека Мона Лиза ги менува изразите зависност од аголот на гледање.
Славниот Леонардо да Винчи ја создал оваа илузија користејќи се со техниката сфумато, односно вешто избегнувал остри контури и со сенчење создал маглив дел, тврдат научниците кои го објавија истражувањето во престижниот магазин Psychological.






















Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер рече дека шансите за двомечот со Барселона се еднакви за двата тима. А за него е многу поважна титулата во Премиер отколку ЛШ. 














